Знаме на Македонија 2

Од каде кај некои луѓе доаѓа омразата кон актуелното знаме на Република Македонија навидум не е тајна. Тие самите ќе кажат затоа што тоа е дел од предавничката времена спогодба и затоа што ни го наметна меѓународната заедница односно Грција.

Но тоа секако не може да е вистина поради фактот што ниту едно од тврдењата не е точно. Ниту знамето е спомнато во времената спогодба, ниту пак ни е наметнато од меѓународната заедница или пак Грција. Сепак се чини дека вистината не ги поколебува овие самопрогласени патриоти и понатаму да веруваат во оправданоста на нивната омраза. Наместо омразата да е последица на реални причини тие за таа омраза си фабрикуваат причини. За да илустрирам како нивниот мозок во случајот функционира ќе наведам еден пример:

Едно дете живеело со своите родители, но неговата мајка ненадејно починала. По некое време неговиот татко нашол нова сопруга. Кај детето се создала омраза и нетрпеливост кон новата сопруга на неговиот татко. Потсвесно тоа мислело дека таа е причината за смртта на неговата вистинска мајка. Иако во тоа нема ни грам вистина сепак потсвеста на детото не знаела.

Исто е и со знамето. Старото знаме го изгубивме затоа што бевме натерани од Грција и од меѓународната заедница. Ова новото никој однадвор не не натера да го избереме. Со тоа што го сакам и почитувам актуелното знаме на Македонија не значи дека го мразам старото знаме, баш напротив. Доказот можете да го видите на сликата горе.

Интернет борба за Македонија

Благодарност до Гордана Димовска што во нејзината статија “Интернет борба за Македонија” објавена на сајтот Македонска Нација е спомнат токму овој блог.

Наша основна цел е да се зачува нашето вековно име, историја и идентитет. Aко и вие го сакате тоа, поддржете не и речете Македонија!

Ете тоа е целта на блогот I,Macedonian кој повеќе од две годнини активно работи и презема безброј активности за признавање на Македонија под уставното име

Би препорачал да го прочитате целиот нејзин текст поради тоа што во него може да се научи како вистински треба да се бориме за Македонија и за македонската вистина на Интернет. Наместо со негативизам и безполезни расправии, македонската вистина да ја браниме на интелигентен начин со факти.

Уште еднаш благодарам Горде и продолжи да ја промовираш македонштината како што го правиш тоа и досега! LINK до статијата

Филателијата во Македонија – ФНРЈ (СФРЈ)

Историја на филателијата во Македонија – дел од ФНРЈ (од 1963 СФРЈ)

На крајот од Втората светска војна формирана е Народна (од 1963 година – Социјалистичка) Република Македонија како дел од Федеративна Народна Република Југославија (од 1963 – Социјалистичка Федеративна Република Југославија). Во ноември 1944 година во Македонија во оптег влегуваат југословенски марки, на дел од кои можат да се видат и македонски мотиви. Истите ќе бидат дополнително претствени во некој нареден блогпост.

Во 1944 година на територијата на Македонија има вкупно 45 ПТТ централи. Санацијата на поштенските услуги се одвива од 1945 до крајот на 1947 година. За прв генерален директор на ПТТ во Македонија е назначен Благоја Тошев (1915-1950). Тој успешно ја завршува задачата за враќање на поштата во функција во повоена Македонија.

(Поштенски коверт испратен од Скопје во 1947 година, франкиран со југословенски поштенски марки)

Понатамошно проширување на поштенска мрежа во Македонија се извешува многу брзо, особено во периодот помеѓу 1951 и 1955 година. Од 1960 година за транспорт на поштенските пратки се користат 3 поштенски автобуса, 5 железнички линии, 38 автобуски линии и приватните коли во 8 правци.

За време на земјотресот во Скопје во 1963 година, уништена е зградата на поштата Скопје 2. Истата ќе биде реизградена дури во 1981 година. Испораката на пошта, особено во оддалечените области е проследено со бројни тешкотии. Според извештаите од тој период, поштарите морале да пешачат и до 30 километри дневно.

Се до независноста на Македонија изградени се повеќе поштенски згради: Скопје 1 (1979) Прилеп (1979), Тетово (1981), Куманово (1981), Гостивар (1982), Гевгелија (1982), Струмица (1982), Кочани (1982), Штип (1986)…

Aватари – Знаме на Разловечкото востание

Неколку слики со димензии 125х125, погодни за користење како аватари. Сликите се со македонскиот симбол лавот и се инспирирани од знамето на разловечкото востание од 1876 година.

За да ги видите сите аватари кои сум ги изработил кликнете ТУКА

Next Page »


ТопМкд
Licensed under a Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Macedonia License

Sitemeter